Хитлер и Франкештајн во трка за пратеници


Адолф вели дека неговите родители ништо не знаеле за нацистичкиот лидер кога му го дале тоа име и дека освен мустаќи, тој нема ништо заедничко со фирерот

34378-xlargeМеѓу 345 кандидати кои оваа недела ќе се натпреваруваат на избори во североисточната индиска држава Мегалаја, се наоѓаат и Адолф Хитлер и Франкештајн.

-Веројатно на моите родители им се допаднало тоа има, но секако, јас не сум диктатор-вели Адолф Лу Хитлер Марак, кој претендира да освои едно од 60 пратенички места во локалното собрание.

Тој истакна дека неговите родители ништо не знаеле на нацистичкиот водач кога му го дале тоа име.

Хитлер Марак не е единствениот кандидат со необично име. Друштво му прави и еден Франкештајн и еден Били Кид, како и десетина други политичари чии имиња претставуваат состав од странски и домашни зборови.

adolf i frankestajnИсторичарите велат дека овие имиња се наследени од колонијалниот период. Многу родители, посебно во Магалаја, им даваат имиња на децата по славни англиски личности за кои честопати не знаат ништо или им даваат англиски зборови како имиња, само затоа што звучат убаво.

-Некои имиња ги привлекуваат затоа што им делуваат модерно- објаснува Санџиб Какоти, професор по историја на Институтот за менаџмент во Шилонга, главниот град на Магалаја.

-Родителите можат да ги крстат децата како сакаат. Се додека кандидатите ги исполнуваат своите должности, ние со нив немаме проблем-истакна еден граѓанин на Шилонга и додава дека името ништо не значи.

Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1