Хју Хефнер погребан покрај Мерилин Монро


Легендарниот основач на „Плејбој“, Хју Хефнер, е погребан во саботата на 30 септември, напладне, на гробиштата „Вествуд спомен-паркот“ во Лос Анџелес, веднаш покрај прочуената Мерилин Монро.

На последното испраќање на Хју Хефнер не дојде ниту една од силните убавици со кои „Плејбој“ беше основан во изминатите неколку децении, туку само неговите четири деца: ќерката Кристи и синовите Дејвид, Купер и Марстон, вдовицата Кристал Харис и некои од вработените во царството „Плејбој“.

Интересно е дека Хефнер уште во 1992 година одлучи дека сака да почива покрај легендарната холивудска убавица, па криптата за урна лево од неа ја купи истата година за 75.000 долари. Во 2012 година изјави дека чувствува двојна конекција со Мерлин, која е родена истата година кога и тој.

„Верувам во симболиката. Да се мине вечноста покрај Мерилин е премногу слатко за да биде пропуштено“, изјави Хефнер за „Лос Анџелес Тајмс“ во 2009 година.

Да потсетиме, Хју Хефнер почина на 91-годишна возраст.

На сопругата Кристал ѝ ја остави вилата во Лос Анџелес во вредност од седум милиони долари, како и пет милиони долари во кеш. Остатокот од неговото богатство од 43 милиони долари ќе им се подели рамноправно на своите четири деца, а дел ќе припадне на универзитетот во Јужна Калифорнија за хуманитарни здруженија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1