Хорор на Божиќ во светиниколско Сопот: Изгоре човек во пожар во својот дом


Вчера околу 09,30 часот во село Сопот- светиниколско, во дворот од куќата на Ж.П. (58), настанал пожар во помошна просторија.

При гаснење на пожарот од страна на месното население пронајден е починат сопственикот.

Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од ПС-Свети Николе, а смртта била констатирана од страна на мртвопроверител, како последица на карбонификација без знаци на насилство.

Телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1