Хорор во Македонска Каменица: Внук ја давел својата баба


Внук ја давел својата баба во Македонска Каменица, по што 65 годишната жена била префрлена и задржана на лекување во Клиничка болница Штип.policija grb oznaka

Настанот се случил во средата околу 13.20 часот во Македонска Каменица, на ул. „Каменичка“ Д.Б. (65) била физички нападната од страна на нејзиниот внук Д.Д. (22) од с.Јакимово, виничко. Во нападот Д.Б. се здобила со повреди на главата, отоци на двете очи, посекотина на вратот. Од страна на лекар, исто така било констатирано дека имала и знаци на давење.

Д.Д. е лишен од слобода.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1