Хотелски работник 11 минути го снимал терористот како ги убива туристите во Тунис (Видео)


На интернет се појави нова, досега невидена снимка од терористичкиот напад во Тунис во кој беа убиени 39 лица, пишува „Дејли мејл“.

Неименуван хотелски работник со мобилен телефон го снимил убиствениот поход на Сеифедин Резгуи, движејќи се позади него.Screenshot_124

Во неверојатната снимка од 11 минути, работникот во еден момент дури успеал да го гаѓа со флаша терористот на ИСИС, додека тој ги бирал метите, наведува „Дејли мејл“.

Напаѓачот после масакрот беше убиен од еден полицаец, откако снајперистите промашиле неколку пати.

Погледнете ја снимката:

Туниските власти уапсија група на осомничени лица за кои се претпоставува дека соработувале со напаѓачот, соопшти министерот за внатрешни работи Нажим Гаршали.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1