Хрватски специјалци спасуваат Кинези присилени на работа во Загреб (ВИДЕО)


Благодарение на заедничка акција на словенечките и хрватските безбедносни сили, прекинат е меѓународен ланец на организирана криминална група што се занимавала со трговија на луѓе.

Хрватското МВР соопшти дека неговите полициски службеници во координација со словенечките, спровеле истрага за експлоатација на голем број луѓе. Групата присилувала Кинези да работат во кол-центри, на тој начин учествувајќи во криминални измами. Во акцијата била вклучена и словенечката полиција бидејќи кол-центри освен во Хрватска, имало и во Марибор и Љубљана.

Кинеските државјани биле пронајдени затворени во две вили во Загреб. Во едната од 800 квадрати, биле затечени 42-ца кинески државјани, а во другата со големина од 400 квадратни метри пронајдени биле 19 државјани на Кина.

Инаку, двајца од Кинезите биле чувари и работеле за Хрватите кои ја воделе операцијата.

Во акцијата, осомниечен е 48 годишен Хрват за изнајмување на куќите, како и 51 годишен Загребчанец кои ги пренесувал жртвите во земјата.

Во извештајот се наведува дека измамниците на Кинезите им ветувале лесна заработувачка, а потоа ги затворале, им ги одземале документите и ги терале за нив со месеци да вршат финансиски измами.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1