Хрвоје и Кроација- сириски бебиња добија вакви имиња


Сириска брачна двојка, која го доби своето трето дете во болница во Славонски брод, одлучи во знак на благодарност кон Хрватска да го нарече своето новороденче Мухамед Хрвоје.

Бебето е родено вчера и е тешко 2.850 грама и долго 50 сантиметри.sirijka-rodilka

– Во знак на благодарност за се што сторивте за нашите сонародници, но и поради односот кон нас и грижата која и е пружена на мојата сопруга, се одлучивме за ова име за нашиот син, изјави пред новинарите Али Кадро, кој во Хрватска со семејството стасал од Алепо, Сирија.

Во четвртокот пак, исто така во Славонски Брод, се роди малата Кроација.

-Трудницата дојде без придружба и роди преубаво девојче. Тоа е нејзино седмо дете. Детето беше тешко 4.130 грама и долго 54 сантиметри. Породувањето мина без компликации. Сиријката изјави дека сите во Хрватска се однесувале многу убаво со неа и затоа на своето дете решила да му даде име Кроација, изјавиле вработените во болницата во Славонски Брод и додале дека вака никогаш нема да заборави каде се родила.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1