И Данска забранува носење никаб и бурка


Данска ќе им се придружи на другите европски земји во забраната за покривање на лице и носење никаб и бурка.

Предлог- законот не се однесува на религијата, ниту пак го забранува носењето шамии, турбани и јармулки (кипи)- традиционални еврејски капи, изјави Јакоб Елеман- Јенсен од Либералната партија по состанокот во парламентот.

Повеќето дански пратеници, вклучувајќи ги и опозициските социјалдемократи, рекоа дека ќе гласаат „за“ законот, познат како „закон за забрана на бурка”.

Предлог- законот се однесува на ултраконзервативни муслимански жени во Данска.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1