И Франција ќе си оди од ЕУ? Најава за референдум за напуштање на ЕУ


Лидерот на француската десничарска партија Национален фронт, Марин Ле Пен изјави денеска дека ако победи на претседателските избори во Франција следната година, ќе организира референдум за излегување на државата од Европската унија.osum-marin-lepen-liderisvet-01

– Што се однесува до ЕУ, им реков на Французите дека ако ме изберат, веднаш ќе заминам за Брисел за да почнам преговори за враќање на нашиот суверенитет. Во рок од половина година по мојот избор, ќе организирам референдум, изјави Ле Пен за руски медиуми.

Според неа, Унијата ќе се распадне доколку франција гласа за напуштање на ЕУ. Таа вели дека Франција ќе мора да ја напушти ЕУ доколку Унијата не почне да прави отстапки, и преговорите со Брисел не успеат. Порача дека ќе ги прекине сакциите спрема Русија бидејќи за неа тие се неефикасни, неправични и штетат на економијата на Франција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1