И се заканиле со нож утринава во Скопје: Одземени 180.000 денари


Ограбена е жена на Бул. „Св. Климент Охридски“ во Скопје од две непознати лица кои со закана со нож од чантата и одзеле околу 180.000 денари, информира денеска Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен.

М.С.Т изутрина во 5.40 часот во ЕИК Скопје пријавила дека на бул. „Св. Климент Охридски“ во Скопје две непознати лица со закана со нож и извршиле разбојништво при што од чанта и одзеле околу 180.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1