И Стојан Андов му заврте грб на Бранко Црвенковски


Коалицијата на опозицијата, предводена од СДСМ, полека се распаѓа, смета поранешниот претседател на Собранието и почесен член на Либералната партија (ЛП), коалициски партнер на СДСМ, Стојан Андов, во најновиот број на неделникот „Фокус“.

stojan_andov_419378612Во текстот Андов вели дека погрешната политика на Бранко Црвенковски сосема ја изгубила поддршката од меѓународната заедница, а нејзините претставници сѐ поотворено се оградуваат од аргументите за бојкот на парламентот и на изборите. Овие ставови во СДСМ ги релативизираат, нагласувајќи дека Андов е само пензионер, а претседателот на ЛП, Ивон Величковски, донел одлука да остане во опозициската коалиција.

Андов смета дека е потребно Црвенковски да се повлече и да остави друг да го организира конгресот на СДСМ во мај.

– Политичкиот простор на Црвенковски му се стеснуваше од час во час и тој само со полуинформации или сосем неточни информации го одржуваше единството на раководството на СДСМ за поддршка на бојкотот на изборите и за поднесување писмени оставки на пратениците од опозицијата. Таа политика ги одведе СДСМ и целата коалиција во целосен ќор-сокак. Факт е дека се многу нејасни и изјавите што Црвенковски ги дава овие денови. Од нив не се гледа дали тој воопшто знае како ќе се излезе од оваа криза – пишува Андов.

Ваквите пораки од поддржувачот на опозицијата Стојан Андов, доаѓаат во незгодно време за СДСМ и за нејзиниот претседател Црвенковски, особено откако Стевчо Јакимовски реши да се кандидира на локалните избори наспроти одлуката на партискиот лидер.

Сепак, во СДСМ велат дека однесувањето на Величковски не е исто со она на почесниот претседател на партијата Андов и дека тој нема намера да ги следи чекорите на Јакимовски.

Потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека секој може да го каже својот став, но Стојан Андов е пензионер и неговите ставови воопшто не се исти како ставовите на претседателот на ЛП, Ивон Величковски.

Извор Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1