И Ума Турман силувана – бесна ја раскажала својата исповед


„Да, Ума Турман е бесна. Таа е силувана. Таа е сексуално нападната. Таа е предадена од оние на кои им верувала. И не зборуваме за нејзината улога како невестата во крвавиот “Убиј го Бил“. Зборуваме за свет кој е исто така неморален и мизогинистички, како и сцена од филм на Тарантино“.

Вака „Њујорк тајмс“ го почнува интервјуто со актерката Ума Турман, насловено „Еве зошто Турман е лута“. Таа конечно проговори за Харви Вајнстин, нешто за што велеше дека ќе проговори кога ќе биде подготвена.

За „Њујорк тајмс“ таа детално опишала неколку инциденти што ги имала со Вајнстин, при што тој и се нафрлил или и се покажувал гол во разни хотелски соби.

Таа ја посочила и причината за долгогодишни расправии со Квентин Тарантино, со кои се еден од најуспешните режисерско-актерски парови. Имено, се скарале заради автомобилска несреќа во текот на снимањето на „Убиј го Бил“ во 2002 година. Тарантино, навондо, ја присилил без каскадер да изведе опасна сцена во небезбеден автомобил. Иако се колебала да ја сними сцената, на крај се согласила, при што со автомобилот се удрила и ги повредила колената и вратот. Според зборовите на Турман, таа со години се обидувала од продуцентската куќа „Мирамакс“ и од Тарантино да ја добие снимката од несреќата, а кога конечно успеала, ја споделила со новинарите на „Њујорк тајмс“ и со полицијата.

За Вајнстин

Во однос на Вајнстин, првиот инцидент според актерката, се случил во Париз по нејзиното појавување во „Пеколен шунд“. Харви ја однел во сауна во хотелска соба, додека таа од глава до пети биле облечена во кожено, а тој бил во наметка.

– Стоев таму во кожени чизми, пантаолни и јакна и беше ужасно топло. Му реков дека тоа е смешно и го прашав што прави. Беше нервозен и лут, а потоа нагло скокна и истрча надвор – раскажала Турман.

Следен пат се сретнале во Лондон, кога Вајнстин бил многу поагресивен, ја турнал на земја и и се пуштал, се обидел да се разголи.

– Правеше многу непријатни работи, но сепак на крајот не вложи доволно сила да ме совлада. Во тој момент сте како некое животно, гуштер. Се обидов се што ми падна на памет. Следниот ден ми испрати букет жолти рози со порака „имаш добри инстикти“ – раскажала Ума, додавајќи дека се чувствува виновна за сите што биле жртви после неа.

Харви наводно го признал инцидентот во Париз, но велејќи дека сакал да и пријде зашто погрешно ги прочитал нејзините сигнали.

Силување

Под нејзината златна аура, таа научила да биде уличен борец, бележи „Њујорк тајмс“, пишувајќи за сведоштвото на актерката дека била силувана од актер кога имала 16 години. Во клуб запознала актер 20 години постар од неа, кого не го именувака и со кого потоа отишле на пијачка кај него дома.

– Се обидував да го одбијам, плачев. Ми рече дека вратата е заклучена, но јас не се обидов да проверам. Кога отидов дома, стоев пред огледало и бев лута што моите дланки не се со модринки или крвави – се присетила Турман.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1