ИД објави видео со двајца Руси, за кои тврди дека се заробени во Сирија


Агенцијата на екстремистичката група Исламска држава (ИД), Амак, денеска објави видео на кое се прикажани двајца руски војници, за кои тврди дека се заробени од страна на припадници на групата во регионот на сирискиот град Деир ез Зор, каде Русите им укажуваат поддршка на сириските владини сили, кои се борат со џихадистите.

Руското Министерство за одбрана негира дека двајцата руски војници се заробени и одби да даде коментар за случајот.

На видеото, што трае 42 секунди, се прикажани двајца мажи во сива облека. Едниот има брада и лисици, а другиот има лузни на лицето.

Мажот со брада зборува на руски, а другиот молчи, додека под нив има превод на арапски јазик.

На видеото е поставен денешниот датум, но нема други докази за тоа кога е снимено.

Пред камерата, мажот со брадата го кажува неговото име, датумот на раѓање и неговото родно село во јужна Русија. Потоа вели: „Бев заробен при контраофанзива на ИД“.

Тој наведува дека бил заробен со уште еден маж и го кажува неговото име датумот на раѓање и родното место.

Автентичноста на видеото не може да биде потврдена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1