ИД повикува на напади ширум светот за време на Рамазан


Портпарол на ИД повика следбеници на таа терористичка групација да организираат напади во САД, Европа, Русија, Австралија, Ирак, Сирија, Иран и на Филипини за време на исламскиот свет месец Рамазан што почна во крајот на мај.

Западни медиуми јавуваат дека не може да се потврди автентичноста на аудио пораката на портпаролот на ИД, Абул Хасан ал Мухари што е испратена преку кодирана апликација за испраќање пораки, но гласот е ист како и во претходната порака за која се претпоставува дека е на портпаролот.

– Лавови на Мосул, Рака и Тал Афар, нека Бог ги допре овие чисти раце и свети лица, против одбиените и отпадниците борете се со силата на еден човек, се вели во пораката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1