Иднината со бесмртност е пред праг: Колку ќе чини да купиш вечен живот?


Случајот на тинејџерката која по смртта била замрзната со цел за стотина години, кога би била разбудена (одмрзната) да добие нов живот ја подели светската јавност на два спротивставени страни.

Таткото на девојчето на почетокот бил против замрзнувањето и подлегнувањето на хазардерскиот третман, а неговиот главен аргумент бил: „Што доколку се разбуди сама за 200 години, без никаква меморија и биде сосем сама?“.krio-zamrznuvanje-telo

Сепак, третманот е направен а телото на девојчето е пренесено во криогенскиот институт во Мичиген, каде нејзиното тело е замрзнато на температура од -196 степени.

Како функционира криогенското замрзнување?

Првата фаза во процесот на замрзнување на телото мора да се направи од 2 до 15 минути откако срцето на пациентот ќе започне да чука. Телото се обложува со лед и се вбризгува лек кој ќе спречи згрутчување на крвта.

Потоа телото се пренесува во криогенска лабораторија, каде што се чува на ниска температура, малку повисока од точа на замрзнување, а во крвта повторно се вбризгува течност која ќе допринесе за зачувување на органите, како и инјекција која ќе запре формирање на кристали и потоа се изложува на температура од -130 степени.

Телото потоа се вбризгува во посебен ковчег кој се потопува во течен нитроген и се одржува на температура од -196 степени до момент кога медицината ќе напредне доволно за да може да оживее замрзнат човек.

Овој процес може да се спроведе само на луѓе кои се прогласени за мртви, иако многу научници тврдат дека успехот на оваа метода е речиси невозможна бидејќи никогаш до сега не успеало успешно да се изведе замрзнување на органи како срце или бубрег.

Колку чини овој третман?

Во криогенскиот институт во кој е замрзнато телото на девојчето почетната цена на замрзнувањето чинела околу 33 000 евра.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1