Илјадници граѓани се собраа денеска во центарот на Скопје, со цел да го изразат својот револт од акутелната власт. Настанот се одвива под мотото „Граѓаните за Македонија. Доаѓаме“.
Телевизија Сител излезе со своја проценка дека на протестот има околу 20 000 луѓе.
Луѓето носат антивладини транспаренти со пораката „Збогум Никола“ и веат македонски, албански, српски, турски, знамиња… Организатори на протестот се граѓански здруженија, невладини организации и политички партии, но забележливо е отсуството на партиски обележја на протестот.
Протестот се одвива мирно, а од бината поставена пред Владата, говори имаат активисти, политичари, интелектуалци…