Имам сто години и уште многу ми се живее – вели дедо Драган од Градско


Не ми е досадено од живеење, иако имам 100 години, животот ми е мил и не ми се умира, вели Драган Делов од Градско, кој е роден на 2 септември 1914 година за време на балканските војни, во кои го изгубил и татка си. Татко му не успеал ни да го види својот син, загинал во војната. Делов, кој е роден во Неготино, веќе седум децении живее во Градско.

28F08E786F2C2141BA24E11DD4677FDD– Ами, еве, живуркам, како што гледате. Kога убаво, кога полошо, ама не се жалам. Само би сакал да живеам колку што може повеќе. А уште колку ќе живеам, тоа не зависи од мене. Зависи од смртта, кога таа ќе дојде. Не знам дали таа ме заборавила, може утре да дојде или по пет или по десет години, што знам. Немам потпишано никаков договор за бесмртност – се шегува по малку старецот.

Неговата ќерка Ѓурѓина Мирчевска, која има 60 години и се грижи за него, ни откри дека татко ~ е здрав како дрен и дека лекарот во Градско дури и не го познава. Пред 13 години му починала сопругата на 81-годишна возраст. Со неа има 4 деца, 8 внуци и 12 правнуци.

Го прашавме со што се храни, која е магијата за долговечност, да ни даде совет што треба да се јаде повеќе, а што да се избегнува.

– Можеш да јадеш с` што сакаш. Јас еве с` си јадам, ништо не пребирам – ни рече тој. Ќерката Ѓурѓина, пак, се надоврза на муабетот и кажа дека десетина години по пензионирањето на татка си, нејзините родители почнале да одгледуваат кози. Од нив пиеле млеко, пресно, но и си потквасувале. Откако починала домаќинката на дедо Драган, козите ги продале.

Целата сторија на Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1