Инает балкански: Не ја поместиле бандерата, па си изградил куќа околу неа (ФОТО)


Миладин Васиљевиќ од српското село Правошево, кое се наоѓа во близина на црногорската граница, по неколкуте упатени молби до „Електродистрибуција“ да ја поместат бандерата од местото каде тој требало да гради куќа, повеќе немал трпение, па ја изградил околу електричниот столб.bandera-kuka

Сега селската бандера е сместена на едниот крај во куќата на Васиљевиќ, кој потекнува од ова село, а живее и работи во Франција.

Мештаните од селото велат дека таа е најдобро прицврстена во целото место и дека се надеваат дека ќе ги заштити и другите во линијата од силните ветрови.

– Таа е најдобро утврдена во селото. Добро е прицврстена во темелите и оди покрај едниот ѕид, а врзана е и за столб во куќата. Се надеваме дека во зимо ќе ја чува мрежата од ветровите и снегот, па можеби и ќе немаме проблеми како минатите години, изјавил еден од мештаните за Вечерње новости.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1