Инспириран од „Аватар“, Русин најави бесмртност од 2045 година!?!


Бесмртноста је нешто за што сите размислуваме, но никој не ја сфаќа сериозно, освен можебу Русинот Дмитриј Ицков. Тој сака да ја разгледа можноста за вечен живот а истата да се реализира од 2045 година.

Неговиот план наречен Иницијатива 2045 ќе ви делува познато ако сте го гледале филмот „Аватар“, но за реализација на истиот, потребни му се неколку милијарди долари.

Проектот има неколку фази, и секој чекор е поблиску до крајната цел на човештвото – бесмртноста.

Првиот чекор е создавање на луѓе- роботи кои може да се контролираат и на далечина, и ова планира да го оствари до 2020 година.

До 2025 година планира човечкиот мозок да го претвори во робот -костур кој би продолжил да живее и по смртта. Во 2035 би бил конструиран посебен „аватар –мозок“  и вашата личност едноставно ќе биде „пренесена“ во него.

И конечно , до 2045, луѓето ќе можат да одат преку холографски аватари вечно, вез страв од смртта.

Проектот е исклучително скап и затоа Ицков бара да му помогнат најбогатите луѓе во светот. За возврат ветува дека на декој донатор ќе му помогне во походот кон бесмртноста, затоа што тие се многу богати и не можат да потрошат 50 милијарди долари во еден животен век.  J

Tags: , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1