Инсталиравте Месинџер? Прочитајте на што сте се согласиле – сметката може да ви отиде до небо


Од Фејсбук велат дека полесно им е да ја одржуваат како посебна апликација, што е делумно точно, но компанијата не го истканала она што се’ се сокрива во условите за користење кои никој не ги чита. Секако, кога Фејсбук се’ би ни кажале, никој не би ја употребувал апликацијата.

facebookВашите информации им се продаваат на огласувачите кои можат да креираат реклама прилагодена токму на вас. Сите “бесплатни” апликации ни ги наплатуваат на овој или на оној начин.

Во продолжение можете да прочитате некои од работите кои “му ги поклонивте” на семоќниот Фејсбук. Сега имате две опции – или да ја избришете апликацијата или едноставно воопшто да не употребувате Фејсбук на мобилен телефон.

– Дозволувате апликацијата да ја промени состојбата на мрежната конекција.

– Дозволувате апликацијата да се јави на телефонски броеви без ваша интервенција, што може да доведе до неочекувани трошоци или повици.

– Дозволувате апликацијата да снима звуци од микрофонот – во било кој момент без ваша согласност.

– Дозволувате апликацијата да прави фотографии и да снима со видео-камерата. Оваа дозвола и’ овозможува на апликацијата да ја користи камерата во било кое време без ваша согласност.

– Дозволувате апликацијата да ги чита повиците од вашиот мобилен, вклучувајќи ги и дојдовните и појдовните повици.

– Дозволувате апликацијата да има пристап до вашиот именик, текстуалните пораки и да го открие вашиот личен профил.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1