Иранската принцеза пронајдена како бездомничка на улиците на Милано


Аријана Лак од Велика Британија, која потекнува од иранското кралско семејство Каџар, и којашто исчезна пред една година, деновиве е пронајдена во Милано, Италија, благодарение на албански детектив најмен од нејзиното семејство.

Аријана, која инаку е филмска продуцентка и милијардерка, е пронајдена во растроена состојба. Таа исчезна во јануари 2016 година, а последен пат беше видена во хотелот Ди Коро – Ди Корзо во Милано, објави лондонски „Сан“.

Приватниот детектив на минувачите на улиците во Милано им ја покажувал нејзината фотографија, па така трагата го одвела меѓу бездомниците.

Последното на што таа се сеќава, е насилен грабеж што завршил со повреда на нејзината глава, поради што добила амнезија

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1