Ирците најдобри навивачи


Европската фудбалска асоцијација излезе со соопштение дека ќе има специјална награда за ирските навивачи кои што на ЕП во Полска и Украина покажаа како треба да се бодри својот национален тим. Генералниот секретар на УЕФА Џани Инфантини изјави дека Ирците биле беспрекорни и нивната фантастична поддршка го потисна во втор план резултатскиот неуспех на националниот тим.

„Тие ја импресионираа цела Европа. Претседателето Мишел Платини ваквото нешто ќе го награди уште во неговата прва посета во Ирска“, изјави Инфантини.

Ирска неславно го заврши ЕУРО 2012, откако во групата Ц ги загуби сите три натпревари, од Хрватска (3:1), Шпанија (4:0), и Италија (2:0).

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1