Исчезнатото 3 годишно детенце од Штип пронајдено мртво


Во месноста Суитлак во близина на Струмина чешма  попладнево пронајдено е телото на тригодишното дете од Штип кое исчезна завчера.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова потврдува дека телото на малиот Чинар Сулејманов е пронајдено, екипите на крим техника направиле увидот на лице место.

18035golema

Станува збор, посочи, за непристапен терен каде што е пронајдено телото на тригодишното момче.

Полицијата во моментов не открива повеќе детали за смртта на Чинар Сулејманов.

Родителите на тригодишното момче го пријавиле за исчезнато завчера во доцните попладневни часови откако не си дошол дома по посетата на домот на неговиот дедо.

Родителите вчера заедно со полицијата ги пребараа сите напуштени куќи и улици во Штип во централното градско подрачје, но и во околните населби но тогаш потрагата не вроди со плод.

Засега полицијата не открива како е пронајденo телото на тригодишното момче и кои се причините за неговата смрт.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1