Исхраната на мајката влијае на полот на детето


Жените кои се на диета во периодот на забременување може да влијаат врз полот на бебето, тврдат научниците.

Pregnant_Women-1Студијата, објавена во магазинот „Royal Society journal Biological Sciences“ покажува дека високо калоричната исхрана и редовното појадување може да ги зголеми шансите бебето да биде машко.
Научниците од универзитетите „Exeter“ и „Oxford“, велат дека модерните трендови на ниско калорични диети може да бидат објаснување зошто во развиените земји повеќе се раѓаат девојчиња.

Истражувањето се фокусирало на 740 британски прворотки, кои имале за задача да водат евиденција што јадат пред и во раната фаза на бременоста. Истражувачите откриле дека 56 отсто од жените кои јаделе високо енергетска храна добиле син, додека само 45 отсто од жените кои биле на ниско енергетска исхрана добиле машко.

Жените кои добиле син исто така јаделе големи количини на житарки и друга разнолика храна, богата со калиум, калциум и витамин Ц, Е и Б12.

Научниците веќе имаат докажано дека машко потомство се раѓа и кај повеќето животни кои јадат разнолика храна или храна со голема енергетска вредност. Овој феномен најдлабоко е истражуван кај безрбетниците, но е тестиран и кај коњите, кравите и некои видови на срни.
Научниците истакнуваат дека постојат докази кои укажуваат дека природата има свои начини со кои суптилно влијае на соодносот на половите. Сепак, порачуваат жените да не се прегладнуваат или да се прејадуваат со цел да влијаат на полот на нивното се уште неродено дете.
„Истражувањата направени врз животни укажуваат дека промената во исхраната за време на бременоста може долгорочно да влијае врз здравјето на подмладокот. Затоа е особено важно мајките да имаат соодветна разнолика храна богата со хранливи материи пред и за време на бременоста“, вели доктор Ален Паси, експерт за плодност

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1