Исидора Бјелица се избори со лошата болест: Мојата победа е и ваша! (ФОТО)


Исидора Бјелица со помош на третманите, поддршката од најблиските, како и големиот број фанови, успеа да го преброди најтешкиот период од животот.1-7

По тешкиот период, писателката сподели прекрасна вест на Фејсбук – „Јас сум само една обична мајка, која реши поради своите деца, да не се откажува и да верува во невозможното. Фала ти Господе, фала ви на сите кои се молевте за мене, фала“.

Фотографијата за кратко време собра над 26. 000 лајакови и голем број коментари, па Исидора повторно се обрати со порака – Мојата победа е и ваша, бидејќи без вашата поддршка не знам дали ќе издржев. Ве сакам со сето срце. Ваша Иси.

Само да ве потсетиме, Бјелица три години се бореше со опаката болест и покрај лошите прогнози, издржа лавовски. Исто така, писателката отворено зборуваше за својата болест и тешките периоди, со цел да им помогне на сите оние кои се наоѓаат во слична ситуација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1