Искрена исповед – еве зошто сум бивша


Долго се обидувала во својата глава да ја задржи сликата на повредена и изневерена жена. Тоа било така се додека не запознала терапевт, со кој што започнала интензивно да разговара.
Долго по разводот, Слоен Бредшо успеала да разбере каде згрешила, па се одлучила да го напише своето искуство и да ги предупреди сите жени. На Слоен и било полесно да го обвини сопругот за сите лоши нешта што и ги причинил.

solzi

Тој бил оној кој ја изневерил, а пред тоа ја турнал од себе , посветувајќи и се на работата, со цел да избегнува да разговара за проблемите со кои и двајцата се соочувале.

Долго се обидувала во својата глава да ја задржи сликата на повредена и изневерена жена, без да размисли дека и таа имала удел во неговите постапки.

1. Ги ставав децата на прво место

Едноставно е да ги сакаш своите деца, а тие вас ве обожаваат секој ден се’ повеќе. Бракот е спротивност на родителството и работата. И кога и да имаше потреба од повеќе труд, јас само ќе заминев во некој музеј со децата и избегнував да „работам“ на нашиот однос. На почетокот ми беше во ред што тој минува огромен дел од времето на работа и се навикнав. Како резултат, бевме осамени и никогаш немавме доволно време за нас. Можеби само за време на годишнината од бракот.

 

2. Не им поставив граница на моите родители

Тие постојано беа во нашата куќа,  а некогаш доаѓаа ненајавени. Ни помагаа да ги одгледаме децата, но тоа стана претерано. Идеа со нас на одмори. Нормално, не сакав во нивнните очи да изгледам неблагодарна и да им кажам, па научив да живеам така.  Воопшто не размислував дека можеби тоа му пречи на мојот сопруг. Мојот поранешен маж беше оженет со целата моја фамилија.razvod_13

 

3. Го потценував

Мислев дека љубовта е искреност, но сите знаеме дека искреноста боли. Како што стануваме се поудобни во нашата врска, престануваме да комуницираме со партнерот. Се жалев кај другарките, мајка ми и колешките. Постојано. „Можеш да замислиш како го направи тоа“, „Што го натера на ваков глупав потег“. Исто, постојано говорев дека неговата работа е бесмислена, како ги прави работите погрешно. Му се обраќав како да е мало дете и постојано го критикував. Тогаш се чувствував супериорно. Воопшто не сум го почитувала.

 

4. Не научив да се расправам со него на вистинскиот начин

За да задржам мир во домот, избегнував да се расправам со сопругот. Со време научив да ја држам устата затворена, кога и да ме нервираше нешто. Нормално, сите тие мали нешта прераснаа во огромни и не можев да издржам. Расправиите ни се претворија во борба.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1