Исповед на кума: Во плико ставила 20 евра, а потоа невестата ја изненадила со својата изјава


Несекојдневна сцена на венчавка во Србија, објави анонимна девојка која викендов и се мажела најдобрата другарка , па како што е редот таа била поканета да биде кума.

Финансиската состојба и била лоша и не можела да даде многу, па затоа невестата ја изненадила со неочекуван гест.

Еве што напиша таа:

– Минатиот викенд се мажеше мојата најдобра другарка , а јас и мојот сопруг однесовме плико со 20 евра во него. Bевме свесни дека е тоа малку, посебно зошто бев кума, ама навистина немав повеќе. Јас не работам а мојот сопруг заработува 250 евра месечно и едвај преживуваме. Најлошо беше кога ги собра ковертите , одлучи на микрофон да каже кој колку пари донел – напишала кумата.

Прв пат некој јавно да ги чита подароците и кој колку пари донел. Како ги отвараше пликовите, кажуваше цифри од 100, 200 па и 500 евра, па кога дојде на ред нашето плико, сопругот и јас сакавме под маса да се скриеме од срам. Но кога го отвори, невестата рече дека од нејзината кума има 500 евра.

Бев шокирана, јас и сопругот се погледнавме и ништо не ни беше јасно, а сите аплаудираа, јас незнаев како да се однесувам. После неколку минути, ми пријде невестата и ми рече дека сака да ми ги врати парите кои и ги дадов за свадба зошто знае дека не сум во најдобра ситуација, и дека на микрофон кажала дека има 500 евра поради лошите и зли луѓе, кои не очекуваат помалку од кумата. Заплакав од среќа, зошто имам таква добра другарка.

Кога стигнав дома го отворив пликото и покрај моите 20 евра имаше уште 500евра. Мојата најдобра пријателка (за која би сакала да го кажам и името, но не би било во ред) но кога ќе го прочита ова, таа ќе се пронајде.

Благодарам и знај дека сум горда што те имам како пријателка- раскажала кумата од Србија.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1