Исповед на преживеаното момче од несреќата во Дунав – сите му велевме да намали


Паметам дека му велевме да ја намали брзината! Следно што памтам е дека паднавме во Дунав, водата почна да влегува во автомобилот и настана паника…

Со овие зборови го започнал своето сведоштво еден од тројцата преживеани во трагедијата. Имено, дваесет и двегодишниот Лука Вишниќ дал изјава за несреќата на Ана Хуја, во која својот живот го загубија тројца негови блиски пријатели.

soobrakajka-dunav500

Според неофицијалните информации кои ги добил српски ”Telegraf”, тој детално раскажал на што се сеќава и како успеал да се спаси од автомобилот во кој на 22 ноември смртно настрадаа Анастасија Стаиќ (16), Немања Антиќ (18) и Милош Јанковиќ (20), кој бил затворен во багажникот.

-Душан Јовановиќ го возеше “BMW” автомобилот. Се сеќавам дека му велевме да ја намали брзината. Следно што паметам е дека прелетавме над бедемот и паднавме во Дунав. Водата брзо продираше во автомобилот и настана паника. Јас седев на задното седиште и никако не можев да излезам, го започнал својот исказ младиот Лука.

-Почнав со раката да удирам во стаклото и некако успеав да го скршам и да излезам од колата, изјавил Вишниќ во рамките на неговото сослушување во Вишото обвинителство.

1dunavnesreka

Освен Лука Вишниќ, кој во несреќата се здобил со тешки повреди на десната рака, животите ги спасиле и возачот на автомобилот кој се уште е во притвор, Душан Јовановиќ (19), како и Милица Јокиќ (18).

Според сознанијата на споменатиот српски медиум, на закажаното сведочење Лука Вишниќ пристигнал со петнаесетминутно задоцнување, одбивајќи притоа да даде било каква изјава, меѓутоа подоцна, во текот на еден час, тој детално ја опишал кобната ноќ.

-Кога го скршив стаклото и испливав од автомобилот на површината на Дунав, не знаев каде се наоѓам, ниту пак што се случува со останатите од автомобилот. Луѓето кои што беа дојдени на брегот не повикуваа и не насочуваа каде да пливаме. Јас бев повреден и не можев сам да пливам. Некој од нив влезе во водата и ме извлече надвор, изјавил наводно Лука, синот на српската новинарка Оља Бечковиќ.

Тој потврдил и дека несреќниот Милош Јанковиќ самиот одлучил да се вози во багажникот, од кафулето каде што се забавувале пред да тргнат кон шеталиштето.

-Сите седевме заедно во кафулето. Пиевме, јас испив четири чаши ракија од малина, додал Лука, потврдувајќи дека сите патници биле добро расположени.

На крајот од сослушувањето тој изјавил и дека не сака да го тужи Душан Јовановиќ.

-Не се придружувам кон кривичното гонење, ниту пак сакам парична отштета, изјавил наводно Лука Вишниќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1