Исповед на синот на пациентот кој испадна од возило на Итна помош и беше прегазен на патот


Мојот татко немаше половина череп, целиот беше искршен. Ова е страшно, не дај боже никому да му се случи.

Вака за српски Курир раскажува Немања Митиќ (27), чиј татко Горан (56) од Врање загина во несекојдневна сообраќајна несреќа во Грделичката клусура кога испадна од возилото ан Брзата помош во кое се наоѓал како пациент, а на него налетал камион.

Ужасна сцена

Немања Митиќ вели дека кобниот 29. декември со сестрите бил во автомобилот како придружба на санитетското возило кое од Ниш го враќало татко му во болницата во Врање.

-Во ноември татко ми имаше мозочен удар поради кој му беше одземена левата страна. Во петокот не го примија во болницата во Ниш, па тргнавме назад. Цело време беше свесе, Одевме зад санитетот, кој ни избега понапред. На влезот во Џеп, каде се случи несреќата, наидовме на колона. Кога се доближивме до местото на сударот, видов труп на патот. Мојата сестра рече: „Па тоа е нашиот татко, го препознав иако му се гледаа само нозете“. Кога го видов унаказеното тело на татко ми, таа слика никогаш нема да ја заборавам, раскажува Немања и додава:

-Ова што се случи, од санитет да излета пациент, тоа уште се нема случено. Можете ли да замислите во каква состојба е мојата мајка и двете сестри. Не знам зошто возачот мораше да претекнува преку полна линија, не мораше да брза зошто татко ми не беше животно загрозен. За ова некој мора да одговара, вакво нешто никому не му посакувам.

Излета низ прозорец

-Пациентот од силината на ударот излетал низ прозорецот на десната бочна врата и паднал на коловозот, по што на него налетал камион, и го удрил пациентот со предното десно тркало. Во таа прилика повредена е и медицинската сестра, велат во обвинителството.

На возачот на итната помош А.С. (39) одреден му е притвор од 30 дена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1