Истражување: Ајфон зрачи повеќе од Самсунг


Германската сојузна канцеларија за заштита од зрачење направи база на голем број паметни телефони и нивото на зрачење кое што секој од нив го емитува.

Некои од уредите емитуваат високи фреквенции, особено за време на телефонскиот разговор, додека други се попристојни и може да се окарактеризираат како безопасни.

Меѓународната комисија за заштита од нејонизирано зрачење (ICNIRP) уште од 1998 година препорачува дека нивото на апсорпција на електромагнетно зрачење не смее да преминува два вати по килограм.

Иако ниту еден паметен телефон кој што во моментов е на пазарот не го надминува тоа ниво, некои се поблиску до границата од други.

Помеѓу уредите кои најмногу зрачат за време на разговорот се моделите на OnePlus, Huawei, Nokia, како и Apple iPhone. Најмалку зрачат моделите на Samsung, Google, ZTE и LG.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1