Истражување: Електричните уреди се програмирани да покажат дефект веднаш по истекот на гаранцијата


Речиси 92 отсто од граѓаните на Франција сметаат дека електричните уреди што ги купуваат се програмирани да траат покус период, односно да се покаже дефект веднаш по истекот на гаранцијата.

Поради ова Одборот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите при Европскиот парламент усвои извештај за продолжување на рокот на употреба на уредите.

Усвоени се сите предлози на хрватската европарламентарка Биљана Борзан, која побарала забрана за програмиран дефект, поголема достапност до резервни делови на пазарите, како и воведување ознаки за минимален рок на употреба на апаратите.

Во претходна студија, спроведена во соработка со европски потрошувачки центри, се укажува дека машините за перење облека се програмирани на одреден број вртежи, телевизорите на неколку илјади работни часови, а печатарите на испишување одреден број страници.

Европскиот социјален и економски совет веќе објави студија за влијанието на рокот на траење на производи врз продажбата.

Предлогот сега го усвои и ЕП. Голем број европски држави веќе развија закони за проблемот со дефект на уредите. Во Франција со закон е забрането програмиран дефект. Во Австрија постои ознака што се става на електрични уреди кои подолго траат и лесно се поправаат, а во Шведска луѓето имаат даночни олеснувања доколку однесат електричен уред на поправка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1