Италија ќе гласа – да се биде или не во еврозоната


Гласот „Не“ за владините реформи може да го примора премиерот Матео Ренци да поднесе оставка – потег, кој според проценките ќе предизвика хаос во банкарскиот и финансискиот сектор во Италија.

И инвеститорите изразија загриженост во врска со влијанието во еврозоната, предупредувајќи дека веројатноста за напуштање е поголема од времето на финансиското спасување во кризата, пишува Vickiie Oliphant за Експрес.italija-izbori-renco

Според последното истражување на Sentix, спроведено на 1.000 институционални и мали инвеститори од 24 до 26 ноември, 19,3 отсто од шансите се Италија да ја напушти еврозоната, што значи дека оваа членка на ЕУ успеа да ја престигне Грција.

Нивниот заклучок е дека не е само Италија таа што може да излезе од разнишаниот блок, туку дека и Франција и Холандија исто така можеби се во потрага по начин за излез.

Можноста која било земја да ја напушти еврозоната е покачена на 24,1 отсто, што значи дека волкав процент од сите испитани инвеститори очекуваат еврото да пропадне во текот на следните дванаесет месеци.

Во извештајот се вели: „Големиот пораст на веројатноста од 24,1 отсто, дека една земја членка ќе ја напушти зоната во следните 12 месеци, го зајакнува впечатокот дека изненадувачки силно анти-ЕУ расположение еволуираше во текот на 2016 година.

„Освен тоа, Брегзит го зголеми целокупното ниво на ризик“.

Сепак, оваа бројка е значително под врвот, кога повеќе од 70 отсто испитаници беа за напуштање во екот на должничката криза во еврозоната во 2012 година.

Истражувањето доаѓа само неколку дена пред Италијанците да се упатат кон гласачките места за да гласаат на референдумот за уставните реформи.

Ренци постојано ветува дека ќе се повлече од лидерското место ако неговата кампања не успее, и сега, откако последната анкета покажа дека противниците на реформите се во предност од пет проценти, се смета дека анти-ЕУ партијата Пет ѕвезди на комичарот Бепе Грило може да го замени премиерот.

Меѓутоа уште полошо е тоа што ако Ренци не успее најверојатно е дека банкарскиот сектор на Италија ќе влезе во хаос – што за возврат ќе предизвика паника низ системот на целата еврозона.

Се стравува дека тоа може да се одрази на падот на осум од италијанските кредитори поради недовербата на инвеститорите во земјата.

Дариус МкДермот, управен директор на Fund Calibre, вели: „Ако Ренци загуби, европската реакција на пазарот може да биде посилна и подолга отколку што видовме во деновите по Брегзитот и деновите по победата наТрамп бидејќи инвеститорите се загрижени дека ова може да биде почеток на крајот за ЕУ.

Тоа би можело да биде сериозна иницијална каписла и лошо за ризичните средства“.

– Европските банки би можеле да доживеат удар и приносот од обврзниците може да се прошири кон периферните земји – цената на италијанскиот државен долг најверојатно ќе се зголеми, што може да ги разбранува другите јужни земји како што се Шпанија и Португалија – појаснува директорот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1