Иванов: Очекувам сите да ги признаат резултатите од изборите


Претседателот Ѓорге Иванов изрази задоволство од спроведените предвремеи парламентарни избори. Тој им честиташе на граѓаните што покажале одговорност и излегле во масовен број да го остварат своето право на глас.

фото - Курир.мк

фото – Курир.мк

„Годинава, кога одбележуваме 25 години од нашата независност, покажавме демократска зрелост и го потврдивме нашиот капацитет за спроведување на фер, слободни, мирни и демократски избори. Сакам да им честитам на партиите што освоија најголем број гласови на овие избори – на победниците, и да им честитам на сите партии кои беа вклучени во изборниот процес. Очекувам сите кои се натпреваруваа во изборната трка да ги поздрават изборните резултати. Во демократска атмосфера, едногласно да биде поздравена и признаена волјата на граѓаните. Не смееме да дозволиме да не се почитува волјата на граѓаните и да се создаваат услови за нови кризи“, пишува во соопштението на Иванов.

Од Кабинетот на Иванов информираа дека по конституирањето на Собранието на тој ќе го додела мандатот на партијата што има мнозинство во Собранието.

Со овие избори, Република Македонија исполни еден од клучните услови на кои се обврзаа лидерите со Пржинскиот договор.

Очекувам, како што Република Македонија уште еднаш покажа исполнителност, Европската Унија да покаже доследност и принципиелност кон нас.

„Ја повикувам Европската Унија да изнајде начин и да овозможи напредок на Република Македонија на евроинтеграцискиот пат“, се вели во соопштението на Иванов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1