Иванов: Решението за името да не биде на штета на трети држави


Новото решение за името со географска одредница да не биде на штета на трети држави, е ставот на претседателот Ѓорге Иванов, кој на заедничката прес-конференција со бугарскиот претседател Румен Радев на новинарско прашање за спорот потенцира дека преговорите ќе продолжат под покровителство на Обединетите нации, а решението ќе се бара од Резолуцијата на ООН, Привремената спогодба, како и пресудата на Меѓународниот суд.

Претседателот потенцира дека со својот бугарски колега разговарале за повеќе теми, меѓу кои и за мигрантската крзиа, па оттука Иванов иницира договор за стратешко партнерство со Бугарија како што Македонија има потпишано со САД и Турција.

„Сè се менува, но не и географијата, ние сме соседи и ќе останеме. Нашите односи со Бугарија се пример за добрососедство. Договорот за добрососедство што го потпишавме создава шанса за зголемување на соработката. Разговаравме и за новата Стратегија на ЕУ за проширување што е голема заслуга на Бугарија. Реални се можностите Македонија за време на бугарското претседателстово со ЕУ да добие датум за почнување на преговорите и да добие покана за членство во НАТО на самитот летово. Ја поздравувам иницијативата на Бугарија за сè што прави за евроинтегративните и евро-атлантските аспирации на Македонија“, рече Иванов.

Софија го поддржува решението на спорот за името мегу Скопје и Атина кое нема да вклучува територијални делови од Бугарија и нема да засега трети страни, изјави бугарскиот престедател Румен Радев по средбата со македонскиот колега Горге Иванов.

Преговорите мегу Македонија и Грција ке продолжат во ОН , рече Иванов. Тој потенцираше дека македонската страна ке се труди да се најде решение кое нема да засега трети страни

Радев истакна дека интензивно се работи на формирање комисија која ке разгледува спорни прашања од доменот на историјата меѓу двете држави и дека се работи за процес кој е воиинетрес на напредување на Македонија.

Двајцата престедатели најавија склучување договор за стратешко партнерство мегу двете земји, каков што Македонија досега го има потпишано со САД и со Турција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1