Ивица Тодориќ и се предаде на полицијата во Лондон


Сопственикот на „Агрокор“, за кого претходно Хрватска издаден европски налог за апсење и беше распишана меѓународна потерница од страна на Интерол, денеска и се предаде на полицијата во Лондон.

Хрватските медиуми јавија дека, хрватската полиција рано утрово добила известување дека сопственикот на „Агрокор“ пристигнал во полициската станица Чаринг Крос во Лондон, каде е уапсен.

Соработноците на Тодориќ очекуваат дека тој со кауција ќе биде пуштен да се брани од слобода.

Тодориќ во станицата пристигнал со придружба на неговиот британски адвокат.

Неофицијално, како што јавија хрватските медиуми, Тодориќ во текот на изминатите денови собирал пари со цел да плати кауција за да се брани од слобода.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1