Избегната нова авионска несреќа


За малку избегната нова авионска несреќа. Попладнето патничкиот авион на Канада Ерлајнс морал да го одложи слетувањето на аеродромот во Тел Авив бидејќи кон неговата патека биле испалени ракети.

canadamapflag air canadaОсум километри пред да слета на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив на пилотите на летот А – Це 84, контролата на летање им наредила да почекаат со слетувањето зашто има испалени ракети.

Патничкиот авион на Ер Канада што летал на релација Торонто – Тел Авив морал да кружи пред слетувањето. Освен голема вознемиреност кај патниците, за среќа немало други последици.

Овој патнички авион е меѓу првите што слетал по забраната издадена од американските воздушни власти, а повлечена во рок од 24 часа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1