Избегната трагедија: Автобус со патници за малку не беше „голтнат” од џиновска дупка која се отвори (ВИДЕО)


Дупка широка неколку метри се отвори на автопат во кинескиот град Нанин, буквално под тркалата на автобус, но возачот, за чудо, успеал навреме да го избегне пропаѓањето, само миг претходно.133627230-112139

Настанот е снимен од неколку камери, а на Јут јуб каналот на кинескиот портал „Пиплс Дејли“ се појави и видео од оваа случка за рубриките „Верувале или не“.

На снимките јасно се забележува тресокот и катастрофата што патниците „за влакно“ ја избегнале. За среќа, возачот навреме ја проценил опасноста и во вистинскиот момент нагазил на педалата за гас. Зад тој автобус имало и друг, којшто пак, ја избегнал несреќата бидејќи возачот навреме запрел.

Извештаите велат дека нема човечки жртви, а улицата се санира.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1