Изгоре автомобилот на синот на познатиот скопски бизнисмен


Автомобил „БМВ“ сопственост на Сашо Наков, син на скопскиот бизнисмен Штерјо Наков, бил опожарен утрово во скопско Дебар Маало, дознава „Нетпрес“. Во пожарот бил запален предниот дел на возилото.

Според МВР, утрово околу 3 часот на улица „Мирослав Крлeжа“ опожарено е патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Н. од Скопје. Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипа, а опожарен е предниот дел на возилото. Увидот е во тек.

– Не станува збор за запалено возило. Се случил дефект. Направен е и записник. Утврдено е дека се запалиле каблите- рече Наков.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1