Изненадување за фановите на Ѓорѓе Балашевиќ- по долго време објави нова песна (ВИДЕО)


Српскиот доајен на баладите Ѓорѓе Балашевиќ, по подолга пауза од музиката, ги изненади и воодушеви своите фанови издавајќи ја својата нова песна со наслов „Мала видра“.

Последната негова песна „Дует“ беше објавена пред две години, непосредно по смртта на Кемал Монтено, посветена на покојниот пејач.237507_djordje-balasevic01-blic-zoran-ilic_f

Со својот нов сингл, Балашевиќ покажа дека и натаму е целосно внесен во специфичниот војводински мелос.

Неговата ќерка пак, на Фејсбук напиша како настанала оваа песна.

– Ја ставив оваа мелодија во шпицата на еден мој филм и се покажа дека таа одговара совршено. Ѓоле немаше намера да ја објави поради сомнежот дека „тоа луѓето веќе го чуле и тоа не е веќе нова работа“, но го наговоривме да ја сними повторно, сега со текст. Инаку, признавам дека го притискав за да ја објави, напиша таа.

Во последно време и нејзиниот татко се почесто комуницира со своите фанови преку социјалните мрежи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1