Извештај за тероризам: Дали Македонија е во опасност?!


Најновиот извештај за светската безбедност покажува дека во некои земји пораснала опасноста по прашањето за безбедноста во однос на минатата година.

Западните земји, вклучувајќи ги Франција, Германија и Австралија, се соочени со многу поголем индекс на закана од страна на Исламскиот екстремизам, отколку што биле пред само 12 месеци.terorizam-indeks-evropa-makedonija-01

Дури 9 земји, меѓу кои Белгија, Канада, Данска, Естонија, Ирска и Норвешка, се соочени со поголемо ниво на несигурност, во главно поради растот на Исламската држава. Од деветте земји во кои пораснал ризикот за можни напади, во три од нив, во минатите шест месеци дошло до терористички напади кои го потресле светот.

Меѓу нив е нападот на сатиричниот магазин “Charlie Hebdo” во Париз, во кој биле убиени 12 луѓе, нападот во Австралија изведен од Иранец, кој неколку часа во заробеништво држел неколку луѓе во кафулето “Lindt” во Сиднеј, и смртните закани за Ларс Вилкс, шведски уметник кој во 2007-та година го нацртал Мухамед како куче, кои за малку ќе се оствареле по нападот во Данска.

Извештајот на “AON”, светска агенција која се занимава со менаџмент и процена на ризици во светот, бил темелен на три индикатори, а тоа се степенот на тероризам и саботажа, број на напади и предизвикување на штета, и политичка несигурност, револуција или војна.

На списокот на земји со можност за терористички напад се наоѓа и Естонија, но извештајот вели дека заканата за оваа земја не доаѓа од Блискиот исток, туку од евентуална руска агресија.

Иако глобалниот индекс за безбедноста е во пораст, извештајот покажува дека заканите од терористички напади и ескалација на судири растат во неколку земји. Ризикот од тероризам и политичко насилство е намален во Албанија, Хрватска и Чешка, како и во Тунис, каде неодамна во напад на музејот Бардо загинале 21 турист.

Извештајот покажал дека заканата за терористички напад во земјите од регионот е најмала во Хрватска. На втор степен под закана од терористички напад се Црна Гора, Словенија и Македонија. Според извештајот, во Србија, БиХ и Косово има најголема опасност од евентуални терористички напади.

Меѓу најзагрозените земји, оние во петтиот степен на опасност, се Сомалија, Јемен, Сирија и Ирак, Авганистан и Пакистан. Меѓу најзагрозените во Европа, во четвртиот степен, означени се Украина и Турција.

Tocka.com.mk

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1