Ја избегнал смртта: Пасошот му го спасил животот на овој руски пејач, додека сите негови колеги загинале (ФОТО)


Во рускиот воен авион што денеска се урна во Црно Море имало 92 патници и членови на екипажот, меѓу нив биле и 64 члена на воениот хор на руските вооружени сили „Ансамбл Александров“.

Министерството претходно соопшти дека во авионот имало 93 лица и дека никој не преживеал.hor1-640x355

Сепак, во меѓувреме излезе дека еден од пејачите во воениот хор, Роман Валутов (29), кој беше прогласен за мртов во авионската несреќа, не се качил во авионот за Сирија поради тоа што во јули му истекол пасошот.

-Поминував кај имиграционото, а девојката таму ми рече: Вие се шегувате? Вашиот пасош истекол уште во јули, изјави Валутов.

Тој додаде дека загрижено чекал да дознае дали ќе може да полета, но добил негативен одговор.hor-1-640x960

-Бев нервозен поради грешката со мојот пасош, но си отидов дома. Бев таму во 3:30 наутро, а потоа почнаа да ми се јавуваат луѓе и да прашуваат дали сум жив. Погледнав и си го најдов името на списокот на мртвите. Плачев. Моите пријатели и роднини се шокирани, рече Валутов.

Во авионот не се качил ни солистот Вадим Анањев, чија сопруга штотуку се породила и го замолила да остане дома и да ѝ помогне.

„Се чувствувам како да ме удриле по глава. Сè уште не можам да поверувам. Сега ми велат дека сум роден под среќна ѕвезда“, рекол Анањев.

Меѓу настраданите членови на рускиот хор се и Ралина Гилманова (22) и нејзиниот вереник Михаил, како и танчарите Олег и Екатарина Корзанов, кои имаат тригодишен син.

Меѓу жртвите е и младата Лилја Пириева, балерина во ансамблот.balerina-640x960

Пејачот Александар Шутко (30) објавил фотографија на интернет неколку минути пред авионот да се урне во Црно Море.

Неговата сестра Ема вели дека ѝ се јавил и ѝ рекол дека ќе се јави подоцна.rusin-640x552

-Но не ни се јави. Се обидовме да го контактираме, но беше недостапен, рекла таа.

Руското Министерство за одбрана претходно објави список на патниците и наведе дека во авионот биле 65 члена на воениот хор на руските вооружени сили, кои биле упатени кон руската база Хмеимим, каде што требало да учествуваат во прославата на Нова година, како и извршната директорка на хуманитарната фондација „Фер-помош“ Јелисавета Глинка.

Рускиот претседател Владимир Путин го прогласи утрешниот ден за ден на жалост во земјата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1