Ја нападна вербално ќерката на Трамп – Патник исфрлен од авион (Видео)


Еден патник е изваден од авион на компанијата Џетблу на меѓународниот аеродром ЏФК во Њујорк, откако вербално ја нападна Иванка Трамп, ќерка на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.ivanka-45

-Твојот татко ја уништува нашата земја. Зошто е таа на нашиот лет? Таа би требало да лета со приватен авион – ја прашуваше неименуван патник Иванка Трамп.

Во соопштението авиокомпанијата Џетблу потврди дека еден патник е изваден од авионот.

-Одлуката да се отстрани од летот не беше лесно донесена. Во овој случај, нашиот тим работеше на тоа странката да се прилагоди на наредниот достапен лет, се наведува во соопштението на компанијата.

Тимот на Трамп за транзиција не одговори на барањето на Ројтерс за коментар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1