Ја продала својата невиност за 2,5 милиони евра на бизнисмен од Абу Даби


Девојката која се претставува само како Жизел, инаку повремен модел и студентка, тврди дека својата невиност ја продала за 2,5 милиони евра и на тоја начин ѝ се остварил сонот.

Жизел ја продавала невиноста на страницата Cinderella Escorts. Така барем стои на страницата на која сè повеќе нејзини врснички од целиот свет се обидуваат на идентичен начин да „заработат“ богатство.

Најголема понуда дал неименуван бизнисмен од Абу Даби кој победил една славна личност од Холивуд и руски политичар.

Американката Жизел (19) вели дека парите кои ќе ги добие има намера да ги искористи за плаќање на студиите и за патувања.

– Никогаш не сум помислила дека ќе добијам толку пари. Мислам дека трендот продавање на невиноста е, всушност, дел од еманципацијата и се шокирам кога ќе слушнам дека луѓето се против тоа. Одлучив мојот прв секс да биде со личност во која не сум вљубена и тоа е моја одлука – рекла Жизел.

Таа тврди дека веќе резервирале хотел во Германија и дека бизнисменот и Жизел ќе ги допрати обезбедување. Секако и едниот и другиот, ако сакаат, сè уште можат да се откажат.

Cinderella Escorts е најпознатата агенција за ескорт. Некои ја прозиваа дека ги искористува девојките кои сакаат да ја продадат својата невиност, пишува „Мирор“.

Шеф на бизарната агенција е 27-годишниот Германец Јан Закобиелски кој целиот бизнис го води од својата соба во Дортмунд. Доколку планот го спроведат до крајот, Закобиелски ќе земе провизија од 20 отсто.

Продажбата на невиноста на интернетските аукции веќе со години не е новост, а интересно е тоа дека Жизел вели дека наводно на неа фрлил око и истакнат холивудски актер кој понудил 100.000 евра помалку во однос на победникот.

Јавноста е згрозена од овој чин и од фактот дека постои страница која со тоа се занимава. Мајката на девојката ја обвинила страницата и рекла дека нејзината ќерка страда од ментални болести.

Јан Закобиелски, рекол дека нему не му изгледа дека девојката од видеото е ментално болна. Cinderella Escorts важи за „најпознатата ескорт-агенција на светот“, а е обвинета за искористување на малолетнички кои ја продаваат својата невиност.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1