Ја силувал и ѝ го пресекол вратот: Го пронашла по 20 години!


Џенифер Шует (28) е киднапирана од својата куќа во гратчето Дикинсон, Тексас, кога имала осум години. Непознат маж ѝ провалил во куќата и се претставил како Денис, полицаец на тајна задача. Наредно на што се сеќава Џенифер е дека се наоѓала во прегратките на маж што трчал накај автомобилот.

Кога стасале до автомобилот, ѝ ставил нож на грлото и ја прашал: „Те плашам ли, девојче, те плашам ли?“, потоа ја силувал и почнал да ја дави колку што можел посилно по што Џенифер се онесвестила. Се разбудила додека киднаперот ја влечел за ногата низ полето и кога ја фрлил, Џенифер сфатила дека не може да вреска, но не знаела зошто. Набрзо сфатила дека вратот ѝ е пресечен.devojka siluv

– Имав само доволно сила да ја кренам својата десна рака. Кога го допрев вратот, почувствував отворена рана и крв. Ме остави да умрам во полето – рекла Џенифер.

Играјќи си во тоа поле, децата ја нашле Џенифер, која итно била префрлена во болницата во која била оперирана. Кога се разбудила, Џенифер не можела да зборува па пишувајќи на парчиња хартија, дала изјава во полиција со чијашто помош направила и фоторобот.

– Се сеќавам дека сум пишувала сè што сум можела да се присетам, секој мал детаљ. Сè што сум мислела дека ќе биде корисно за да го најдат. Се сетив на неговото име, затоа напишав Денис – рекла Џенифер.

Осумгодишното девојче напишало сè што се сеќава за да ѝ помогне на полицијата, но напаѓачот не бил пронајден. Годините поминувале, но одлучноста на Џенифер да го пронајде својот напаѓач никогаш не стивнувала.

– Со години во секој минувач го барав сторителот – рекла таа.

Полицијата со помош на ФБИ, а и напредната технологија 18 години по нападот одлучила да ги истражи трагите на ДНК на облеката, која Џенифер ја имала во ноќта на нападот. Форензичарите, недолго потоа, го пронашле напаѓачот Денис Ерл Бредфирд, што се поклопувало со името што Џенифер го напишала. Името на напаѓачот ја довело полицијата до фотографијата на возачката дозвола, која ја споредиле со фотороботот направен со помош на Џенифер, па сфатиле дека конечно го пронашле силувачот и убиец.

Џенифер на својот блог напишала: „Денис Бредфорд, јас не сум твоја жртва. Јас сум победник“.

Полицијата го уапсила Денис, а пред Џенифер да се соочи со него, се обесил во затворот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1