Јадете банани за да бидете среќни!


Дали сте знаеле дека бананите го поттикнуваат лачењето на хормонот на среќата „серотонин“. Токму серотонинот е познат по тоа што може да не опушти, да ни го подобри расположението и да ни помогне да се чувствуваме среќни.

Всушност бананите содржат триптофан, аминокиселина која телото ја претвора во серотонин. Среќата е неизоставен фактор кој влијае врз квалитетното работење и функционирање како и завршување на работните задачи како и фактор кој ни помага полесно да ја пребродиме секојдневната трка со времето.banani-chaj-650x325

Покрај чувството на среќа, бананата ги храни и вашите нерви, ќе ве заштити од депресија и стрес, но и ќе ви даде дополнителна енергија кога ќе ги почувствувате првите знаци на замор и кога телото и мозокот не реагираат на начин на кој вие би сакале.

Бананата е богата со железо како и со низа витамини кои го подобруваат квалитетот на работењето на човечкиот организам, а во голем број случаи бананите се покажале и како одлична замена за таблети и помагаат во отстранување на голем број здравствени тегоби како анемија или пореметена работа на цревата.

Иако низ времето се појавија голем број предрасуди за бананите како овошје кое е преполно со калории, вистина е една односно бананата содржи 89 калории и поради своите богати влакна може да ја подобри работата на стомакот како и подобрување на функционирањето на целиот организам. Колку е корисна бананата најдобро покажува фактот што сите врвни спортисти ја вметнуваат во својата секојдневна исхрана бидејќи со консумирање на две банани помагате во одржување на шеќерот и енергијата во времетраење од 90 минути.

Мислите дека бананите дебелат? Фактите покажуваат сосема поинакви резултати.

 

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1