Јапонец направи канта која сама лови ѓубре



Сите ние некогаш сме земале хартија, сме ја згужвале и сме ја фрлиле кон канта за ѓубре, но најчесто хартијата се одбива од кантата, па принудени сме да станеме да го земеме ѓубрето и да го фрлиме во кантата. 

Сепак, еден јапонски иноватор познат како ФРП, очигледно исфрустриран од промашените обиди, направил паметна канта која го следи ѓубрето кое се фрла во нејзин правец. Сите делови сам ги дизајнирал.

Тркалата се ротираат во сите правци, додека сензорот ги  следи предметите во собата и пресметува каде ќе падне и веднаш ја испраќа кантата во тој правец. Јапонецот ФРП се уште работи на подобрување на точноста на ловецот на ѓубре, но планира својот изум да го патентира, па дури и да го понуди на пазарот.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1