Јелена Розга за борбата со неизлечливата болест: Одам понатаму


Пред околу месец и пол излезе третиот солистички албум на хрватската пејачка Јелена Розга по име „Модерна жена“. Убавата Сплиќанка вели дека не можела да замисли поубав почеток на годината.jelena rozga

– Албумот е комбинација на современ звук со носталгичен призвук на стариот „Магазин“, оној од времето кога во него пеев. Судејќи според првите реакции на публиката, би рекла дека токму тоа од мене и го очекувале и дека вкусовите ни се поклопиле. За секој изведувач тоа е најголемата среќа – рекла Јелена.

Јавно зборував за болеста и пак ќе го направам истото

Сцената изгледа ѝ била предодредена. Танцувала балет како дете. По основното училиште се запишала во средно балетско училиште, а набрзо станала и дел од Хрватскиот народен театар.

Пред две години, Јелена јавно проговори за болеста која ѝ била дијагностицирана пред повеќе од една деценија. Во прашање е хипертиреоза, нарушување на работењето на штитната жлезда. Нагло изгубила килограми и брзо се изморувала. Искрено зборувала за тоа колку ѝ било тешко да се соочи со неизлечливата болест.

– Важно е човек да ја прифати вистината. Во таквите ситуации голема улога игра начинот на којшто ќе се поставиме. Се придржувам на сè, се трудам да не ме нервираат милион глупости коишто се случуваат… И одам понатаму – рекла Јелена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1