Јеремиќ побарал плата од 10,000 евра


Шефот на дипломатијата на Србија, Вук Јеремиќ побара од владата на нашиот северен сосед, дополнителни 65,833 долари за своето претседавање во Генералното собрание на Обединетите Нации.

Вкупно Јеремиќ побарал 7,287,100 долари, а себеси си одредил месечна плата од 10,000 евра.
Јеремиќ смета дека со ова ќе бидат покриени месечните трошоци за плати, стан и трошковите за уште три амбасадори, кои би требале да бидат негови специјални советници, за кои би се издвојувале парични средства во висина од околу 943,500 долари. Само за лична секретарка Јеремиќ предвидел дека му се потребни 190,000 долари. Според планот на Јеремиќ планиран е и посебен буџет за пропаганда, кој би изнесувал 375,000 долари, а граѓаните на Србија треба да плаќаат и кирија за неговиот возач која би изнесувала нешто повеќе од 6000 долари месечно.
За бензин и канцелариски материјали, Јеремиќ побарал 280,000 долари. За преселби 112,000 долари, а за апарати за копирање, телефони и слични електронски апарати потребни му се 300,000 долари.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1