ЈОК гас за Европа – Медведев јавно се закани – наесен следува гасна криза!


Рускиот премиер Дмитриј Медведев преку Фејбук се огласи дека заживувањето на мировните преговори во Украина ќе биде многу потешко, откако украинскиот претседател Петро Порошенко направи драматични грешка со укинување на примирјето. Рускиот премиер предвиде дека наесен следува”голема гасната криза “, поради нерешените прашања за гасот меѓу Русија и Украина.

medvedev“Со укинување на прекинот на огнот, украинскиот претседател Порошенко, направи драматична грешка. Ова ќе предизвика повеќе жртви. И тој е лично одговорен за нив”, напиша на својот Фејбук Дмитри Медведев.

Тој додаде дека тоа ќе ги направи уште потешки напорите за оживување на мировните преговори. Рускиот премиер предвидува дека следува “голема гасна криза наесен “, поради нерешените прашања за гасот меѓу Русија и Украина.

“Украина не плаќа за гас. Нејзиниот долг е огромен. Тие црпат гас од подземните резервоари. На есен ќе следува голема гасна криза”, напиша Медведев.

Русија ја прекина испораката на гас за Украина на 16 јуни, по неуспехот на последните преговори, кои би можеле да влијаат на снабдувањето со гас во Европа за неколку месеци, оценува Франс прес. Околу една третина од гасот кој се користи во Европа, доаѓа од Русија.

Речиси половина од извозот преминува преку  Украина, заради што имаше прекини во снабдувањето на Европа за време на “гасната војна” меѓу Москва и Киев 2006. и 2009  година

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1