Јове претепан зашто рекол „Не сум вмровец и не сум предавник“


„Не сум вмровец и не сум предавник“ била причината зошто Јове П. (67) бил брутално претепан од страна на лица од СДСМ. Како што дознаваме, додека вчера седел во кафеаната „Гурман“ со пријател, едно од лицата што седеле на масата зад него му дофрлило „Ти да не си вмровец?“, а Јове одговорил: „Не сум вмровец, а не сум ни предавник“.policija centar nokj

Потоа алпинистот излегол од гостилницата со намера да си оди дома, но лицата што седеле на масата зад него тргнале по него. По нив излегол и сопственикот на гостилницата. Лицата го нападнале Јове, а во моментот сопственикот на гостилницата заедно со третото лице, кое било со напаѓачите, се обиделе да ги оттргнат насилниците. Тогаш нападнатиот почнал да трча со цел да избега, но насилниците повторно го фатиле и продолжиле да го удираат со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, по што избегале.

Насилното однесување на лицата од СДСМ резултирал со тешки повреди за Јове. Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар, каде што лекарите констатирале скршеници на нос, рака и ребра и е задржан на лекување.

Според првичните сознанија, напаѓачите по кои трага МВР, се лица на возраст од околу 20 и 40 години.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1